Пресврт во случајот со жената бомбаш-самоубиец: Таа не се убила сама туку...

Жената за која се мислеше дека сама се разнесе во стан во Париз по преговорите со полицијата, Hasna Ait Boulahcen, всушност била убиена од друг член на исламистичката група со помош на бомба.

Според податоците на Дејли Меил, 26-годишната девојка со лоша репутација, се веруваше дека е првиот бомбаш-самоубиец во Европа, но се испостави дека тоа не е така. Во текот на големата полициската акција во Франција против терористите, која се случи во средата, Хасна преговараше со полицајците преку отворен прозорец. Тие ја прашуваа дали мозокот на операцијата и е момче, а таа негираше. Потоа експлозија стави крај на драмата кога таа се разнесе во воздух.

Сепак, според најновите светски податоци, најверојатно друг член на исламистичката група која сее смрт и страв во светот ставил бомба во станот против полицијата и така Хасна го загубила животот.

Информациите немаат официјална потврда.

 
 
21.11.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега