Попоски се сретна со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари одвоена средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, во рамки на работната посета на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на Унгарија. 

- Министрите Попоски и Сијарто разменија и мислења и информации за мигрантско-бегалската криза и безбедносните ризици за Македонија, регионот и пошироко во Европа. Од македонска страна беше искажана голема благодарност за тесната соработка со надлежните унгарски служби во овој домен, вклучително и експертската поддршка во делот на граничното управување, соопшти МНР. 

 

Министрите разговараа и за евроатлантските интеграции во регионот. - Секој што и мисли добро на Европа, треба да придонесе да не се развлекува интеграцијата во НАТО и ЕУ за Македонија, истакна Попоски.

- Од македонска страна беше потврдена благодарноста до Унгарија за принципиелната поддршка во правец на зацврстување на безбедноста во регионот, информира МНР. 

 
 
20.11.2015 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега