Училишан есенски крос во Ѓорче Петров

 

На стадионот „Македонски Лавови“ во Општината Ѓорче Петров денеска се одржа 6. Училишан  есенски крос на кој учествуваа 300 ученици од сите основни училишта во општината.

Како што соопшти Општината, младите спортисти со своето масовно учество покажаа дека спортот и спортскиките активности го  добиваат заслуженото внимание во наставниот процес во улилиштата.

trka

Победеници во категориите за 6 и 7 одделение - девојчиња на патеката долга 600 метри беа Андонова од ООУ „М.Ацев“ која освои првото место, сребрената медала ја освои С.Цветковска од ООУ „Димитар Поп Георгиев –Беровски“, а пак С.Костовска  од ООУ„ Тихомир Милошевски“ го освои бронзеното одличје.Во категоријата 6 и 7одд. машки ( 800 метри)прв на целта стаса Т.Станковскиод ООУ „Јоаким Крчоски“, со сребро се закити А.Петковски од ООУ „Димитар Поп- Беровски“, а на третото место се пласира  К.Вељановски од ООУ „Јоаким Крчоски“.

trka2

Во категоријата ученички од 8 и 9 одделение прва на целта пристигна К.Гиевскаод ООУ „ М.Ацев“, второто место го обезбеди М.Мицевска од ООУ „Јоаким Крчоски“, а трета беше М.Калкова од ООУ„М.Ацев“, 8-мо и 9-то одделенците исто така трчаа 800 метри и најбрзо на целта пристигна  М.Трајчевски- од ООУ „М.Ацев“, второто место и сребрената медала ја обезбеди С.Ѓоргиев од ООУ „Димитар Поп- Беровски“, а бронзениот медал го освои М.Бишковски од ООУ „Страшо Пинџур“.

 
 
19.11.2015 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега