Исламистите го слават убиството во Сараево: Босна е само почеток

 

Исламскиот портал Vijesti Ummeta, денес го прослави терористичкиот напад на Енес Омерагиќ, кој синоќа уби двајца војници во Сараево, пренсесе Независне.

Во текстот на порталот се наведува дека претходните предупредувања не се сфаќале сериозно.

„Ве предупредивме дека во Европа ќе тече крв, а посебно во Босна и дека тоа што доаѓа е полошо. Еве се случи, убиени се двајца валкани војници кои се бореа за национализам и ја бранеа владата која не им донесе никакво добро. Убиени се двајца војници од кој едниот Србин, вистински неверник, а другиот Бошњак, отпадник од верата. Ова во Босна е само почеток, ова во Европа е само почеток, ова е почеток на пролевањето на вашата валкана крв која ќе тече низ улиците“, пишува Vijesti Ummeta.

Тие ја повикаа младината во БиХ да тргне по патот на Алах за убивање.

 
 
19.11.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега