Египетското МНР тврди: Морси е на безбедно место
Соборениот египетски претседател Мохамед Морси во моментов се наоѓа на безбедно мести и засега против него не е покренато обвинение, изјави денеска портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи, Бадр Абделати.
- Морси се наоѓа на безбедно место, таму е сместен заради осигурување на неговата безбедност, а кон него се однесуваат со почит, истакна Абделати.
Тој додаде дека засега против него не е покренато никакво обвинение.
Египетската војска минатата недела го собори од власт Морси, првиот демократски избран претседател по масовните протести, со кои се бараше негова оставка.