Единаесет лица краделе електрична енергија во првата недела од месец јули

 

 

ЕВН Македонија во првата недела од  јули на 11 корисници им испорача пресметки за неовластено користење на електричната енергија и во судовите поднесе кривични  пријави против нив.

 Штетата која ја направиле во системот изнесува 1, 4 милони денари. Директно приклучени во мрежата биле 8 корисници, еден од фатените корисници го манипулирал броилото, а двајца имале непријавено броило во системот што исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

 За првите шест месеци бројките покажуваат дека ЕВН Македонија на 880 корисници им испорачала поединечни пресметки за неовластено користење на електричната енергија во висина од над 300 000 денари. Корисниците заработиле и кривични пријави според кои ќе одговараат пред судовите за стореното кривично дело  за кое може да заработат и казна затвор во траење до 5 год.

 Според анализите 144 корисници ги манипулирале броилата, 341 директно краделе електрична енергија, 133 самоволно се приклучиле откако предходно поради долг биле исклучени, а кај 262 корисника се најдени непријавени броила. 

 За првите 6 месеци годинава штетата е проценета на околу 124 милони денари, а крадците украле 17, 5 милони kWh електрична енергија. Државата е оштетена за процентот на данокот на додадена вредност ( 18%) или околу 21 милион денари кој неможел да биде пресметан бидејќи потрошената ел.енергија не била фактурирана на корисниците.

 Покрај оваа директна штета на дистрибутерот и државата, забележано е зголемување на материјална штета што овие корисници ја предизвикале на други корисници, најчесто нивните соседи.

 Праксата покажува скоро секоја 5-та кражба предизвикува поголеми или помали пожари и др. несреќи, што значи овие корисници во опасност ги доведуваат и своите но и животите на другите кои живеат во близина на местата каде што се краде електричната енергија.

ФОТО: Денешен

најчитано сега