Монструм: На болната ќерка и пуштал порно, па ја силувал
Тринаесетгодишно девојче, кое има потешкотии во развојот, преживувала пекол во семејната куќа бидејќи татко и ја злоставувал и силувал.
Четириесети четири годишниот маж од Осјек е уапсен бидејќи пијан сексуално ја вознамирувал својата ќерка, која претходно ја запознавал со порнографска содржина.
Девојката во семејната куќа доаѓала за викендите и празниците бидејќи одела во училиште надвор од местото во кое живееле.
Таткото често бил под дејство на алкохол и тогаш и пуштал порнографски филмови, а потоа ја силувал.
Девојката била посебно врзана за него, па се плашела дека ќе и забрани да доаѓа во куќата за викендите ако му каже на некој што и прави.
Немоќната девојка и се доверила на својата другарка, која се и раскажала на нејзината мајка, и тогаш случајот е пријавен во полиција.
Девојката за време на сведочењето, раскажала се што и правел татко и, а од полицијата велат дека таа не ни била свесна за тоа.
Таткото велел дека девојката е склона кон лажење, па им се заканувал на воспитувачите што и поверувале во тоа.
Жупанискиот суд го осудил таткото на девет ипол години затвор, а против мајката е поднесена кривична пријава бидејќи знаела за се што се случува во куќата. Меѓутоа, обвинителите на крајот се откажале од обвинувањата против мајката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа