Немири во Приштина: Судири на улиците, солзавец во парламентот (ФОТО)

Вонредното заседание на косовскиот парламент, кое е прекинато веднаш по почетокот поради активирање на солзавец и употреба на бибер спреј, продолжило по неколку минути во помошна сала, додека пред парламентот полицијата се судрила со демонстрантите, јави приштинската „Коха.нет“.

 

косово-протести2 (1)

Опозицискиот пратеник Аљбин Курти рекол дека прскал со спреј во правец кон премиерот Иса Мустафа и кон владата поради договорот за формирање Заедница на српски општини, пренесува „Коха.нет“

приштина 4

- Прскав со бибер-спреј кон премиерот и кон владата поради тоа што ја формираа Заедницата – изјавил Курти за „Ројтерс“.

- Но, полицијата беше на погрешно месо – додал тој.

приштина 3

Пред косовскиот парламент дошло до судир на полицијата и демонстрантите кои на полицијата фрлиле црвена боја, на што таа одговорила со солзавец.

косово-протести1

Припадници на опозицијата претходно со солзавец ја прекинаа седницата на собранието на која требаше да биде разгледан нацрт-законот за Буџетот за 2016 година.

косово-протести-593x800

- Претседателството на Собранието на Косово одлучи, откако опозицијата повторно фрли солзавец во парламентот, да ја одржи седницата во алтернативен простор – рекол за агенцијата „Бета“ член на претседателството, Славко Симиќ.

приштина 2

 
 
17.11.2015 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега