ВИДЕО: Павле со својот трактор им се одмазди на несовесните возачи

Павле Бедековиќ секој недела ги предупредува возачите, кои престигнуваат во хрватската приградска населба Хрелич, во Загреб, на саемот за стока, своите автомобили да не ги оставаат на неговата нива. Но тие редовно се оглушуваат и оставаат по десетина автомобили на површината на којa Павле сади пченка. Во недела му “прекипело“ кога видел 50­тина автомобили на својата нивa, па во лутина седнал во тракторот и изорал се што можел. На тој начин ги спречил луѓето безгрижно да седнат во своите автомобили и да си заминат. Огорчените возачи ја повикале полицијата, но со тоа ништо не постигнале бидејќи тој ја изорал својата земја со која може да прави што сака. Сепак на крајот успеале да си заминат, откако и им помогнал и Павле, кој со тракторот ја израмнил изораната земја. „Не оштети ниту еден од автомобилите. Многумина зборуваат дека би им ги разбиле стаклата на автомобилите или би им ги изгребале доколку некој им ги паркира на нивната земја. Но, Павле ги предупреди на свој начин“ – изјавиja неговите пријатели и додадоа дека се надеваат оти со овој чин на возачите им е јасно што мисли за нивното паркирање на неговата нива.

 
 
17.11.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега