Реал ќе искешира 40 милиони фунти за Луис Суарез?

Според пишувањата на англискиот таблоид „Sun“ шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е подготвен да одвои неверојатни 40 милиони фунти за уругвајскиот голгетер Суарез. Напаѓачот веќе јавно ја одби понудата на премиерлигашот Арсенал, кој подготви 30 милиони фунти за фудбалерот на Ливерпул. Сега останува да се види дали тимот од Енфилд ќе остане рамнодушен и на понудата на првиот човек на „клраскиот клуб“ Флорентино Перез која е за десет милиони поголема. Раководството на „црвените“ е фудбалерот или да се задржи и следната сезона или пак да се продаде но тоа да биде во некој од клубовите надвор од Премиер Лигата. Покрај Реал Мадрид и Арсенал за неговите услуги интерес пројави и клубот на Роман Абрамовиќ Челзи. Но и самиот Суарез изјави дека тешко да ќе се пресели во лондонскиот клуб. 

 

 

најчитано сега