Некогаш бездомник сега една од најмоќните жени во светот - Џенифер Лопез си ја отвори душата
Латино дивата Џенифер Лопез која денес е една од најмоќните жени во светот во интервју за магазинот „W“ си ја отвори душата за тоа каков и бил патот до славата. Таа признава дека на 18 години била бездомник.
Пејачката уште во раните години била свесна дека не сака да се запише на факултет, туку дека сака да се занимава со танц и музика. Мајката на Џенифер не се согласила со изборот на својата ќерка , па така Џенифер била принудена да го напушти својот дом во Бронкс. Неколку месеци подоцна Џенифер почнала да работи како танчерка во Европа и се преселила во Лос Анџелес.
Славата и се случила многу брзо, но никогаш не успеала да се навикне на животот во Лос Анџелес.