СДСМ: Груевски итно да ни каже што предложил Нимиц
Видлива е асинхроноста во јавните настапи на коалиционите партнери во однос на прашањето за спорот со името и во однос на последниот предлог на медијаторот Нимиц.
Нелогично е премиерот Никола Груевски да молчи за предлогот на Нимиц, да не ја информира ниту јавноста ниту опозицијата, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети содржината на предлогот да ја соопштува од соседна Бугарија.
СДСМ го повикува премиерот Груевски итно да ги повика сите релевантни политички партии и да ги изложи информациите за преговарачкиот процес, деталите од предлогот на Нимиц и ставот на владата и на државниот врв по ова прашање.