СДСМ: Поплавените улици и домови во Ѓорче Петров се дела на Сокол Митревски
Вчера, граѓаните на општина Ѓорче Петров ги доживеаја резултатите од ветувањата и делата на градоначалникот Сокол Митровски и ВМРО-ДПМНЕ.
Поплавени улици, домови, подруми, голема материјална штета...тоа се делата на оваа локална власт.
Својствено за ВМРО-ДПМНЕ, приоритети даваат на тениски игралишта и изградба на споменици додека инфраструктурата во општината за нив е мисловна именка.
Граѓаните на Ѓорче ја платија цената на погрешната одлука на советниците на ВМРО ДПМНЕ за пренамена на средства од фекална канализација за садење на вештачка трева на фудбалскиот стадион.
Додека градоначалникот Сокол Митровски се сонча на некоја плажа и ужива во годишниот одмор, граѓаните на Општина Ѓорче Петров се дават во фекалии и нечиста вода, поради немањето желба за изградба на фекална и атмосферска канализација.
Советниците од СДСМ и Сојузот на иднината ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани затоа што таа обврската граѓаните на Ѓорче Петров ни ја дадоа со нивната силна поддршка на изборите со преку 11.000 гласови.
Во таа насока, Советничката група на Сојузот за иднината на наредната седница ќе побара започнување на итна постапка за конечно решавање на овој проблем.
(Интегрален текст од изјава за медиуми, Снежана Трајковска, Координатор на Советничка група, СДСМ)