Мајка и син од Македонски Брод си одгледувале марихуана

 

Неколку лица од Македонски Брод си заработија кривична поради одгледување дрога.

Се работи за 44-годишниот С.Л. 49-годишниот В.Ѓ. 23-годишниот Д.К. и 46-годишната В.К. сите од Македонски Брод. По претходен меѓусебен договор Д.К. од непознато лице од Скопје набавил семки од растението „канабис сатива“, по што и ги дал на неговата мајка В.К. која заедно со останатите лица ги засадила во селото Бенче.

Полицијата открила седум стебла од растението при претрес кај пријавените.

најчитано сега