Ограбени земјоделски аптеки во кочанско - направена штета од 330.000 денари

 

Пред два дена во селото Облешево во кочанско биле ограбени две земјоделски аптеки.

Кражбата се случила така што непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во земјоделските аптеки „Даниво“ и „Агро Мат“ од каде одзел поголеми количини на средства за прскање на ориз-пестициди.

Крадецот причинил материјална штета во износ од околу 330.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

најчитано сега