Лекарите сакаа да ми го погребаат живото бебе - Сузана раскажува за траумата која ја доживеала

 

Иако по породувањето бебето мрдало со рацете и нозете, еден час подоцна докторката им рекла дека бебето е мртво. 

- Ви ја спасив ќерката, но за бебето немаше спас, вака им било соопштено на родителите. Плачев, сите соништа ми паднаа во вода. Чусвтото на загубата беше неподнослива!

Сузана Џорџевиќ (27) тој 21. јуни во петтиот месец од бременоста, роди девојче тешко околу 500 грама, а во болницата Свети Лука во Смедерево како што тврди по непроверена состојба на бебето, го прогласиле за мртво еден час по раѓањето.

- Четири часа подоцна и понатаму бев згрчена и плачев. А потоа дошла докторката и рекла дека се случило чудо и дека бебето сепак е живот. Тој шок, среќа во несреќа, но бесот кои го чуствував невозможно е да се опише, раскажува Сузана за своите помешани чувства. Од една страна ти олеснува што девојчето е добро, а од другата страна горчина на медицинскиот персонал што така се поиграа со еден малд живот 

 
 
13.11.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега