Почна судењето на првообвинетите во „Монструм“
Претпладнево во судот во Приштина почна судењето на првообвинетите од случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, пишува „Канал 5“. Демири и Исмаиловиќ беа уапсени пред пет месеци во Приштина и се товарат за поседување илегално оружје. Според Канал 5, доколку денеска биде изречена пресуда за случајот, тоа ќе го убрза процесот на нивна екстрадиција.
Сепак, надлежните во судот велат дека до екстрадиција би можело да дојде дури откако ќе заврши целосната жалбена постапка на двајцата обвинети, пренесува телевизијата.
Сеуште не може да се предвиди кога би се случила екстрадицијата на Исмаиловиќ и Демири, кои во Македонија се товарат за тероризам. Ова кривично дело, според меѓународните закони, има предност при судска постапка.
Во меѓувреме, во Кривичниот суд трае доказната постапка во процесот против осомничените за маскакрот кај Смиљковското Езеро, кој беше извршен на 12. април 2012 година.