Сообраќајот ќе се поремети: Каде нема да се вози?

Поради изведување градежни активности на атмосферската канализација на улиците „Боца Иванова“ и „Александар Урдарески“ во периодот од 12.11.2015 до 26.11.2015 година,  автобусите кои сообраќаат на линиите со број 59, 59А и 59Б ќе бидат пренасочени по следнава траса:

1. Линија број 59 во насока кон градски гробишта Бутел (Кучевишка Бара) од раскрсница на улица „Бутелска“ со улица „Александар Урдаревски“, продолжува по улица „Александар Урдаревски“ до почетно-крајна постојка на 59 кај II (втора) капија. Потоа продолжува до Кучевишка Бара. Во спротивен правец автобусите се движат по истата изменета траса.    

2. За време на викендите автобусите од линијата 59А и 59Б ќе се движат по следнава траса:

59А во насока од Ново Лисиче кон градските гробишта Бутел од крстосницата на улица Бутелска со улица Александар Урдаревски, продолжува по улица Александар Урдаревски до почетно-крајна постојка на 59 кај II (втора) капија. Во спротивен правец автобусите се движат по истата изменета траса.  

59Б во насока од Кисела Вода кон Гробишта Бутел од раскрсница на улица Бутелска со улица Александар Урдаревски, продолжува по улица Александар Урдаревски до почетно-крајна постојка на 59 кај II (втора) капија. Во спротивен правец автобусите се движат по истата изменета траса.  

 

 

 
 
11.11.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега