Маж од Косово го организирал бунтот во Египет?

Весникот Данас пишува дека човекот кој стои зад нападот на египетската војска пред елитната зграда на Републиканската гарда во Египет е Сафет Хегази, исламски проповедник и еден од најважните косовски лобисти во Египет.

Преку Хегази косовските Албанци многу силно лобирале за признавањето на Косово во исламистичките кругови. Тој ги примал сите делегации на косовските Албанци кои го посетиле Египет, вклучувајќи го министерот за надворешни работи Енвер Хоџај, наведува белградскиот весник. 

Извори за „Данас“ сметаат дека Приштина сега многу потешко ќе комуницира со новите власти во Каиро.

најчитано сега