Негативни критики во Извештаите за земјите од Западен Балкан

Корупција, потребни итни реформи, политички дијалог, заштита на основните права, административни реформи, реформи во економијата се дел од забелешките во извештаите на Европската комисија за останатите земји на Западен Балкан.

Ви пренесуваме дел од тие забелешки:

Албанија

Се бараат итни реформи во судскиот систем

Заштитата на основните права, вклучително и сопственичките права мора да се зајакнат

Поголем меѓу политички дијалог кој е круциален за земјата

Во поглед на политичките критериуми суштински е Албанија да создаде прогрес за да го направи и задржи моментумот на реформи

Потребно е подобра имплементација на легислативата кога станува збор за слободата за изразување

Албанија има сериозни предизвици во областа на исполнување на економските критериуми. Потребна е фискална консолидација, унапредување на управувањето со буџетот, и јакнење на владеењето на правото во поглед на креирањето на бизнис климата.

Албанија треба да продолжи да работи на развивање на транспортна и енергетска мрежаe.

Србија

Земјата треба да консолидира и да спроведе понатамошни економски и структурални реформи, вклучувајќи и административни реформи и добро економско управување.

Потребна е поголема соработка со независните институции, особено Обдусманот.

Распространета  корупција и несоодветно институционална поставеност продолжува да биде на штета на бизнисот.

Босна и Херцеговина

Потребна е многу поголема соработка меѓу институциите

Уставот на државата е во спротивност и ја крши Европската конвенција на човечкoви права

Борбата против организираниот криминал, координацијата и соработката помеѓу сите институции мора да се подобри и зајакне.

Босна и Херцеговина сеуште е во рана фаза на почитување на човековите права и заштита на малцинствата.

Потребни се повеќе мерки во економијата и заштита на работниците.Владата мора да покаже јасни реформи на тој план.

Иронично, но иако Црна Гора се соочи со масовни протести крвави судири сепак има многу помалку забелешки од останатите земји.

Мора понатамошен прогрес во зајакнување на институционалната рамка и поставување на позиции за борба против корупцијата и организираниот криминал.

Останува загриженоста за слободата на изразување.

 
 
11.11.2015 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега