Страшна сообраќајка: Прилепчанец почина на лице место

Во текот на вчерашниот ден околу 16  часот на регионалниот пат Македонски Брод-Самоков се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Лада Рива“ со прилепски регистерски ознаки управувана од 73-годишниот Драгомир С. од селото Ропотово и возило „Тојота“ со кичевски регистерски ознаки сопственост на Здравствен Дом-Македонски Брод, а управувано од 54-годишниот В.Џ.

Во незгодата од здобиените повреди на местото на настанот починал Драгомир С. додека со телесни повреди се здобиле возачот В.Џ. и двете сопатнички С.С.(54) и Б.Ј.(36).

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
11.11.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега