Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го потресе синоќа Чиле, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Не е издадено предупредување за опасност од цунами, јави МИА.

Првично беше соопштено дека потресот бил со интензитет од 6,6 степени.

Според податоците на американскиот геофизички институт, епицентарот бил на длабочина од 10 км, на 93 км северозападно од Кокимбо, пристанишен град на 400 км северно од Сантјаго.

Центарот за предупредување од цунами во Тихиот Океан соопшти дека потресот не предизвикал опасност од бранови цунами.

 
 
11.11.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега