„Основен инстикт“ финансиски ме уништи – Шерон Стоун проговори што и се случило по славниот филм

Шерон Стоун стана една од последните славни глумици кои јавно проговорија за големата разлика во платите меѓу мажите и жените, не само во Холивуд, туку во сите професии. Шерон изјви како нееднаквоста ја приметила пред повеќе од 20 години, откако го снимила филмот „Основен инстикт“ ероски трилер кој се прослави во 1992 година.

„По основен инстикт, никј повеќе не сака да ме плати. Се сеќавам дека седев во мојата кујна со менаџерот и плачев дека не сакав да го работам тоа додека не ми платат. И до ден денес ме плаќаат многу помалку од машките колеги.

За нееднаквите плати во Холивуд, пред Шерон Стоун, говореа и Гвинет Палтров, Патрисиа Аргуете, Џенифер Лоренс, Мерил Стрип и Маги Гиленхал.

Гвинет за платите зборувала откако беше објавено како нејзиниот колега од филмот „Железниот човек“, Роберт Даунинг Џуниор е најплатен актер во 2015 година.

Тој заработи 111 милиони доларо, додека најплатената глумица Џенифер Лавренс заработи само 39 милиони долари.

Никој не вреди онолку колку што вреди Роберт Даунинг Џуниор. Но кога би ви ја кажала разликата во платата сите би биле изненадени.

„Платата говори за тоа колку вредите. Ако мажите плаќаат многу повеќе за иста работа, ќе се почуствувате посра**“, вели Гвинет.

 
 
10.11.2015 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега