Станија: Јас сум прибрана девојка, поприбрана од оние кои одат закопчани до врат!

Станија по излегувањето од Фарма си го исполни ветеното. Според зборовите на нејзиниот брат, таа ја заврши апстиненцијата како што кажа по излегувањето од Фарма, по што нејзиното момче Филип веднаш преноќило кај неа.

- Се што ќе ветам исполнувам без разлика за што се работи. Јас нема да имам секс со Филип туку ќе водиме љубов. Сепак тоа е само моја интима и не ме прашувајте ништо за тоа, вели старлетата за српскиот Блиц.

Исто така таа додава дека се чуствува како морален победник.

- Јас сум морален победник. Не ни очекував да победам, иако признавам сакав. Сепак бев она што навистина сум. А и јас сум многу поприбрана девојка отколку оние кои одат закопчани до врат, верувајте ми!, вели Станија.

Исто така таа изјавува дека нема никаква секс снимка и затоа не се плаши од заканите дека ќе биде објавена.

најчитано сега