„Илинден“ продолжува да ги штити шумите од пожари

Подигнување на јавната свест и  информирање на жителите е целта на општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ кој во рамки на редовните активности заедно со доброволните противпожарни друштва во изминатиов период спроведе низа активности за заштита на шумите од пожари.

Поставени се нови табли со натпис „забрането палење оган“ на сите пристапни места и земјоделски патишта кои водат до излетничките места, верските објекти и шумските предели на подрачјето на општина Илинден.

Формирана е противпожарната патрола која на жителите од општината им укажува да не палат оган во шума и да не ги палат стрништата, да не фрлаат отпушоци и догорчиња во движење од автомобил и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 193.

Надлежните од противпожарен сојуз,  апелираат до граѓаните внимателно да се движат низ шумите и  отворените простори и во случај на пожар активно да земат учество во спречување и гасење. 

најчитано сега