Сопругата на Марко долго ја немаше: По сообраќајката се разведува од него
Марко Миличев кој е осуден на четири ипол години затвор поради тоа што со својот автомобил го усмрти 21-годишниот Лука Јовановиќ, по што избега од местото на настанот.
Како што дознава срспкиот Курир, за настанот кој се случи на 25 јули минатата година, сопругата на возачот се немаше огласено. Таа сега одлучила да стави точка на нивниот брак.
- Се венчаа на 25 септември 2013 година, и тој го зема нејзиното презиме. Така сакаше да се раздели од криминалното минато, бидејќи е осудуван пет пати, вели извор.
Неговата сопруга не се огласувала за ништо се додека во јавноста не излезе случајот со Лука. Таа ќе побара развод од убиецот на Лука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа