Обвинителството ќе излезе со детали за сообраќајката во која загина Никола Младенов

 

Јавното обвинителство денеска ќе ги презентира резултатите од преземените дејствија во врска со сообраќајната несреќа во која загина сопственикот на Фокус Никола Младенов, јави Телеграф
Претходно Судот утврдил дека во моментот на несреќата, Младенов возел со 160 километри на час при што загубил контрола над возилото и излетал од патот, прбоивајќи ја заштитната ограда. Со тоа судските органи констатираа дека се работи за несреќен случај.

Сообраќајната несреќа во која загина Никола Младнеов се случи на 27 март на клучката кај Хиподром на влезот на Скопје. Основачот на Фокус загина на лице место. 

најчитано сега