Крвави пресметки или не - 1.000 Македонци ќе одат на одмор во Египет

И покрај крвавите протести, уште една група македонски туристи на 10. јули заминува на одмор во египетските одмаралишта, објавува „Дневник“. Според весникот, туристите најмногу ги посетуваат летувалиштата на Црвеното Море, Хургада и Шарм ел Шеик.

Иако атмосферата во Египет се повеќе наликува на граѓанска војна, од туристичките агенции велат дека македонските патници не ги откажуваат аранжманите, пренесува Дневник. Според податоците од агенциите, преку чартер-летови од Белград, Египет ќе го посетат 6.200 туристи од регионот, од кои 1.000 се од Македонија. 

Туристичките работници сметаат дека безбедноста на туристите во Египет не е загрозена, бидејќи атрактивните дестинации за одмор се околу 1.000 километри оддалечени од Каиро. Чартерите слетуваат на аеродромите во летувалиштата.

 

најчитано сега