БиХ: Нудат крави во замена за автомобили!
Во БиХ навистина можат да се сретнат многу чудни огласи. Па така, сопственикот на автомобил марка Фиат од БањаЛука кој 4 месеци безуспешно се обидува да го продаде, вели дека за тој период имал бројни необични понуди.
- “Ме повика неодамна еден човек и ми понуди крава и уште 770 евра. Прво мислев дека е некаква шега, но покасно сватив дека се работи за човек со сериозни намери, раскажува Босанецот.
Вработените од порталот мобиле.ба потврдиле дека потенцијалните муштерии во повеќето случаи нудат компензација со најразлични стоки и домашни животни.