„Ќе убијам 200 луѓе па ќе се самоубијам" - Британец се заканувал на Фејсбук

 

Британец е осуден од судот во Њукасл  бидејќи се заканувал преку социјалната мрежа Фејсбук дека ќе изврши масовно убиство.

Се работи за 24-годишниот Рис Елиот кој преку Фејсбук се заканил дека ќе убие 200 лица во САД.

Елиот започнал да ги испраќа пораките во февруари оваа година, влегувајќи на веб-страниците што родителите и пријателите на две малолетни девојки ги отвориле во спомен на нивната трагична смрт. 

- „Ќе влезам во својот камион и ќе убијам 200 луѓе пред да се самоубијам“, напишал Елиот на Фејсбук профилот.

Сега тој ќе треба да одлежи казна затвор во траење од две години и четири месеци за заканите кои ги упатувал преку Интернет.

ФОТО: Хитпортал

 

најчитано сега