Почина Жељко Малнар - водителот на емисијата 'Кошмар'

 

Хрватскиот новинар, истражувач и патеписец Жељко Малнар синоќ го загуби животот. Жељко почина на 69-годишна возраст на загрепската Клиника за белодробни заболувања.

Хрватот се занимаваше со истражувачка работа. По студиите во Индија, водеше експедиции по цела Азија, а за тоа време работеше како соработник на Радио-телевизија Загреб. Автор е на над 70 документарни филмови и репортажи од Турција, Јордан, Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан, Индија, Шри Ланка, Малдиви, Тајланд, Панама, Порторико, Еквадор, Самоа, јужен Пацифик, Соломонски острови. Добитник е на многу светски признанија.

Последните години од животот Малнар ги помина во Загреб. Работеше како колумнист на „Глобус“ и беше водител на емисијата „Ноќен кошмар“.

најчитано сега