Кетрин Ештон во посета на Приштина

 

Денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, е во посета на Приштина.

Ештон денеска ќе оствари средба со косовскиот премиер Хашим Тачи и претседателката Атифете Јахјага.

Инаку, вчера високата претставничка на Еу беше во посета на Белград каде разговараше и со српскиот државен врв околу постигнатите договори во дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Посетите на Белград и Приштина од страна на шефицата на европската дипломатија следат по 13-та рунда преговори во Брисел меѓу српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

ФОТО: Дневник

 

најчитано сега