Страотно: Лекари и ваделе органи на жива жена мислејќи дека е мртва
Американката Колин Бернс преживеала вистински хорор кога се разбудила на операциска маса во болница во Њујорк во моментот кога лекарите почнале да и ги вадат органите бидејќи мислеле дека е мртва.
Лекарите всушност не извршиле доволно тестови па помислиле дека мозокот на жената е мртов, а таа всушност се предозирала со лекови, поради што и била хоспитализирана. Таа испила „ксаснак“, „бенадрил“ и таблети за опуштање на мускулите со намера да се убие. Лекарите не и направиле испумпување на стомакот, ниту и ја скенирале главата, туку само заклучиле дека мозокот и е мртов.
Инаку, еден ден пред вадењето на органите, медицинската сестра направила невролошки тест, кој покажал дека Колин реагира на него и дека е жива но лекарите не ги земале предвид тврдењата на сестрата и почнале да ја сечат жената.
ФОТО: Охридњуз