Сноуден ја прифати понудата за политички азил од Венецуела
Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден конечно ја прифати понудата од страна на Венецуела за политички азил.
Ова го соопшти претседателот на Комисијата за надворешни работи на руската Државната дума, Алексеј Пушков на својот Твитер профил: - Како и што се очекуваше, Сноуден се согласи со предлогот на Мадуро за политички азил. Очигледно оваа варијанта се покажа најприфатлива за него, напиша Пушков.
Инаку, Мадуро вчера го повика Сноуден да одлучи дали сака да долета во Каракс, откако тој испрати барање за азил, за да ги избегне САД.
-Примивме писмо со барање за азил. Сноуден ќе мора да одлучи кога ќе лета-ако на крајот одлучи да долета овде- рече Мадуро и додаде: -Му рековме на момчето: Момче, те гони цела империја, дојди овде!, рече Мадуро, мислејќи на САД.