Започна изградба на сообраќајната инфраструктура кај месноста Милци

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов во присуство на пратеникот Драган Цуклев и бројни делегации и гости денеска со поставување камен темелник го означи почетокот на изградбата на сообраќајната инфраструктура на клучката од магистралниот пат Е-75 кај месноста Милци, во близина на граничниот премин „Богородица“, во рамки на одбележувањето на 7.Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија.

Проектот, информираше градоначалникот Франгов, е вреден еден милион евра обезбедени од општинскиот буџет, а треба да се реализира за околу шест месеци, пренесе МИА.

- Со овој проект ќе овозможиме растоварување на сообраќајната фреквенција на автопатот пред граничниот премин. Сервисниот пат со надпатникот ќе служи не само за полесно поврзување на населеното место Богородица со автопатот, туку и за полесно исклучување и вклучување на автопатот на гостите кои ги посетуваат казината „Принцес“ и „Фламинго“,рече Франгов.

Прославата на Денот на ослободувањето на Гевгелија продолжува со традиционалниот прием кај градоначалникот што се организира за гостите и делегациите од збратимените општини Инџија од Србија, Јабланица од Босна и Херцеговина и Пазин од Хрватска

 
 
06.11.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа