Ванковска: СДСМ ги изневери своите членови

Професорката Билјана Ванковска, која важи за блиска до опозицијата коментирајќи го финализирањето на договорот од Пржино пишува дека СДСМ ги изневерила своите членови.

За некои голем чекор кон победата на демократијата, за некои имплементација на Пржинскиот договор, за мене - мртвородена преодна влада. Се тресеше Македонија, за да се дојде до вакво чудо од влада каква нема никаде на светот. СДСМ уште еднаш ги изневери „граѓаните“ во кои се колнеше: си назначи највисоки партиски функционери за новите места покажувајќи дека најмногу си им верува на своите кадри дури и кога не ги заземаат ресорите за кои се најкомпетентни!, напиша Ванковска.

vankovska

На социјалните мрежи може да се забележи големо разочарување меѓу членовите на СДСМ. Незадоволни, тие прашуваат дали се бореле за тоа Заев да ги вдоми неговите луѓе.

По синоќешниот договор, нов министер за внатрешни работи треба да биде Оливер Спасовски, сегашниот генерален секретар на СДСМ, а Фросина Ременски да биде нов министер за труд и социјална политика. Потпретседателот Александар Кирацовски ќе биде заменик-министер за информатичко општество и администрација, Кире Наумов заменик-министер за финансии и шефот на кабинет на Заев, Љупчо Николовски заменик-министер за земјоделие.

 
 
06.11.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега