Државни натпревари во пинг-понг за средните училишта

Новиот циклус натпревари во организација на Федерацијата за училишен спорт денеска официјално започна со отворање на Државните натпревари во пинг-понг за средни училишта.

Како што се наведува во соопштението на Агенцијата за млади и спорт, директорот Марјан Спасески на отворањето порача дека спортот има моќ да ги зближува луѓето, како и дека младите кои избираат спорт вложуваат во својата иднина.

- Со учествувањето во Дражавните натпревари освен дружење добивате можност за учество на бесплатниот летен камп, кој Федерацијата во соработка со Агенцијата за млади и спорт го организира на крајот на секоја школска година каде спортистите ќе можат да учат од најдобрите, рече Спасески.

На отворањето присуствуваа и претседателот на Федерацијата за училишен спорт  Александар Туфукчиевски и директорот на СУГС Јосип Броз Тито Татијана Стојанова-Дуева.

 
 
06.11.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега