ФОТО: Словенецот Шпилер ново засилување во Металург

Словенецот Давид Шпилер (32 ) од денеска е нов среден бек на Металург.

-Во Металург добро се работи, има млади играчи, се игра во Лигата на шампионите, има многу предизвици и тоа е одличен клуб, со богата историја. Таков клуб не може да си дозволи ништо друго освен да има високи амбиции, а сето тоа ми беше и еден од условите. Јас секогаш целам високо. Јас сум победник, не сакам да губам и тука не дојдов да губам, туку дојдов да победувам, а имаме екипа за тоа, изјави Шпилер, кој потпиша договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката.

Задоволство од ангажирањето на квалитетниот бек изрази и претседателот на Металург, Левче Китевски.

-За него не треба многу да зборуваме, неговото минато доволно зборува. Мислам дека на младата екипа многу ќе и помогне да ги оствари поставените цели во Лигата на шампионите и во домашното првенство. Му посакувам добредојде во Металург, да го прикаже тоа што го знае и да биде новиот предводник на оваа млада генерација, рече Китевски.

spiler1

Шпилер веќе тренира во “Автокоманда“, а од новите соиграчи во минатото настапувал со Марко Матиќ (во Загреб) и со Јанко Божовиќ (во Мешков Брест).

-Тимот уште не го запознав добро, но можам да кажам дека младите се многу талентирани. Ниту една земја во Европа нема толку добри домашни играчи колку што ги има Македонија. Сигурен сум дека со секој натпревар ќе бидеме се подобри. Не би се ставал себеси во прв план, тимот е важен, а како ќе расте тој, така ќе растам и јас. Се радувам и на соработката со Лино Червар, кој е голем стручњак, рече Шпилер, кој досега беше член на белорускиот првак Мешков Брест.

 

Шпилер во кариерата играше за Тржич, Преддвор, Шкофја Лока, Превент, Цеље, Копер, Загреб и за Мешков Брест, а за репрезентацијата на Словенија одигра 120 меча и постигна 278 гола

 

 
 
04.11.2015 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега