Попоски во посета на Советот на Европа во Стразбур

Министерот за надворешни работи  Никола Попоски денеска престојува  во работна посетана  Стразбур, организирана по повод 20-годишнината од членството на Република Македонија во Советот на Европа, пренесува МИА.

За време на неколкучасовниот престој во Стразбур, министерот Попоски ќе има средби со Генералниот секретар Торбјорн Јагланд, како и средба со новиот претседател на Европскиот суд за човекови права, Гвидо Раимонд.

Министерот Попоски, заедно со амбасадорот на Република Македонија при Советот на Европа вечерва за дипломатскиот кор од европската престолнина приредуваат свечен прием во чест на 20-годишнината од членството на Република Македонија во најстарата паневропска организација.

Република Македонија официјално стана членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995 година. Денес во Советот на Европа членуваат вкупно 47 земји.

 
 
04.11.2015 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега