Петкратно повеќе за инвестиции за патишта во 2016-та година

Петкратно зголемување на капиталните инвестиции за патишта во последните десет години. Ако пред десет години во патишта се вложувале 38 милиони евра, за 2016 година Владата предвиде преку 200 милиони евра само за патна инфраструктура. Инвестициите во патната инфраструктура претставуваат третина од вкупните капитални инвестиции кои Владата ги предвиде за идната година.

Следната година ќе продолжи работата на четирите автопати Демир Капија – Смоквица, Миладиновце-Штип и Охрид – Кичево кои имаат вкупна должина од 132,2 километри и имаат вкупна вредност од 789 милиони евра. Се очекува да отпочне и изградбата на автопатот Требеништа-Струга и рехабилитација на автопатите Смоквица-Гевгелија, Куманово-Миладиновце и Неготино-Демир Капија со должина од 50 километри и вкупна вредност од 74 милиони евра. Станува збор за изградба на вкупно 140 километри нови автопатишта или 50 отсто од вкупната автопатска мрежа во земјава.      

Следната година ќе се работи на изградба на експресни, магистрални и регионални патишта со вкупна должина од 250 километри нова делница, а ќе се врши рехабилитација и на 156 километри постоечки патишта. Ќе се продолжи со изградбата на експресниот пат Велес-Штип, Скопје–Сончев град, Опае-Бељаковце-Станчиќ и спојот Ново Село-Мариово. Се планира и изградба на експресен пат Штип-Радовиш, Градско-Прилеп, Охрид-Пештани, Ранковце-Крива Паланка, регионален пат Пробиштип-Пониква, Тораница –Саса, Старо-Коњарево-Ново Коњарево и Кичево-Дебар преку Извор. Во тек е и рехабилитација на магистралниот пат Битола-Ресен-Буково, регионалниот пат Мокрино-Смолари, Нов-Дојран-Николиќ, Брвеница-Чегране-Гостивар, а во план е и рехабилитација на магистралниот пат Кочани Делчево, Бошков Мост-Дебар, регионалниот Клепач-Новаци, Делчево-Голак, Мелнички Мост-Центар Жупа, Лажани-Ропотово-Црнилиште и Кривогаштани-Обршани-Воѓани.

Инвестиции во инфраструктурата и подобрување на патната мрежа, освен стратешка цел на Владата е и едно од главните барања на бизнис заедницата, но и препорака на еминентни меѓународни финансиски институции како Меѓународниот монетарен фонд. За таа цел во буџетите секоја наредна година се оваа Влада планирала повеќе средства во однос на минатата година.

Придобивките од овие инвестиции се повеќекратни. Освен подобрување на поврзаноста и условите за стопанисување, инвестициите во инфраструктурата отвараат и работа за градежниците. Периодов на градежни работи на патиштата се ангажирани околу 2.500 работници.

 
 
04.11.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега