Со бодликава жица Словенија ќе се штити од мигрантите

 

Словенечката Влада веќе порачала поголема количина бодликава жица заради евентуална заштита на својата јужна граница со Хрватска ако на неа повторно би имало неконтролиран вез на мигранти и бегалци, објавија словенечки медиуми.

Владата одбива да даде коментар за тоа.

Бодликавата жица што треба да попречи пат на мигрантите на најчувствителните делови од зелената граница со Хрватска, Словенија ја купила во Полска.

Во државата треба да пристигне за неколку дена, тврди љубљанско Дело повикувајќи се на неименувани извори. Весникот наведува дека владините служби не сакаат да ја потврдат таа информација ниту да ја негираат.

 
 
04.11.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега