Низ Македонија транзитирале 203.940 мигранти

 

За 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.702 странски државјани, од кои 1.919 се од машки пол, 667  се од женски, 661 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 455деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на  Сирија 2.313, од Авганистан 961, Ирак 177, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 01.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 203.940странски државјани, од кои, 124.488се од машки пол, 29.688се од женски, 39.976 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.788 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 132.219, потоа Авганистан 41.195, Ирак 15.671, Пакистан 4.327, Иран 3.534, од Палестина 1.739,Сомалија 1.044, Бангладеш 938, Конго 498, Нигерија 258, Камерун 225, Еритреја 212, додека останатите се во помал број. 

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 01.11.2015 до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01.11.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.11.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика

 
 
02.11.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега