Васко Ефтов со порака до СДСМ

Наравоучение, ако ја имате довербата на народот ќе заминете во пензија кога народот тоа ќе го посака. Спиновите можат да ви направат политичка штета, но на власт ве носи и ве задржува само работа. Се’ друго се приказни за мали деца, напиша на својот Фејсбук профил новинарот Васко Ефтов.

Ефтов коментирајќи ја убедливата победата на Реџеп Таип Ердоган на изборите во Турција, напиша дека и покрај сите обиди Ердоган да биде испратен во пензија, тој сепак победил.

-Таип Ердоган повторно победи во Турција. Што не направија да го испратат во пензија: афери, тепачки, напади за корупција, бомбашки напади, живеење во услови на перманентна политичка криза, испреплетување на интереси на САД, Русија, Израел...значи шведска маса: Од се' по нешто. И пак победи. Наравоучение: ако ја имате довербата на народот ќе заминете во пензија кога народот тоа ќе го посака. Спиновите можат да ви направат политичка штета, да направат ( понекогаш и тоа само на краток рок ) "какао" во главите на гласачите, но на власт ве носи и ве задржува само работа. Се’ друго се приказни за мали деца, напиша Ефтов.

 
 
02.11.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега