Време е на мандарините, тие го чуваат вашето здравје

Кога станува збор за мандарините, малкумина знаат кои се предностите од нивната консумација, освен што се богати со витамин Ц.

За почеток, мандарините имаат многу малку калории. На пример, во 100 грама мандарини има само 34 калории и 30мг витамин Ц, што е двојно повеќе од портокалите, а со разградувањето на бета каротинот се добива витамин А, кој е важен за видот и за кожата.

Мандарините во себе содржат фолна киселина, железо, магнезиум, витамин Б1, Б2, Б3, односно влакна кои се неопходни за варењето на храната. Исто така, консумирањето на мандарини помага во борбата против целулитот.

Според истражувањата консумирањето на мандарините помага во борбата со болести како што се дијабетес, мозочен удар како и проблеми со срцето, всушност тие се вешти чувари на вашето здравjе.

Мандарините во себе содржат нобилетин, кој се наоѓа во нивната кора и кој е десет пати посилен од тој што се наоѓа во грејпфрутот, а помага во борбата со холестеролот како и покачени триглицериди. Според долгогодишните истражувања нобилетинот помага и при артеосклероза, односно затнувања во артериите кои можат да доведат до срцев или мозочен удар.

Инаку, кога купувате и јадете мандарини ако истите не се прскани со пестициди не фрлајте ја кората, туку исушете ја и потоа можете да ја користите како додаток во различна пригода како на пример во некој колач или во чај.

 
 
30.10.2015 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега