ЕУ размислува за воведување на времени визни ограничувања за граѓаните на Западен Балкан

Од следната недела ЕУ ќе планира да ги стави на седница и да ги разгледа прашањата за воведување времени визни ограничувања за граѓаните од земјите на Западен Балкан меѓу кои спаѓаат Србија, Албанија, Македонија и Црна Гора.

Преговарачот од Европарламентот Аугистун Диас де Мера денеска успеа да постигна прелименарен договор со претставниците на земјите членки од ЕУ. 

Доколку измените бидат прифатени гласањето за овој предлог-закон ќе се изврши во септември.

Притисокот од страна на членките на Унијата кон политичарите на ЕУ е се поголем и се бара ограничување на движењето за некои од земјите од Западен Балкан, поточно истиот е поради зголемените барања за добивање политички азил во западните земји по визната либерализација во 2009 и 2010 година.   

Според податоци на Европската служба за поддршка на азилот, во 2012 година барањата за добивање азил за граѓаните од Западен Балкан се зголемиле за 49 отсто во споредба со 2011 година.