Ахмети: Сега е време да се седне на маса и да се преговара за името со Грција

Спорот за името меѓу Македонија и Грција не е потежок од спорот меѓу Косово и Србија, истакнал лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешното предавање во Софија „100 години од Балканските војни. Помирување и интеграција“.

- Проблемот за името е многу емоционален, а таму каде што има емоции нема рационалност. Сосем нормално е, како трета страна посредник, да биде меѓународната заедница која треба на некаков начин да ги смири тие емоции, рекол Ахмети.

- Досега имаше средби на ниво на претставници меѓу Македонија и Грција без конкретни предлози. Сега постои еден предлог „Горна Македонија“. Тоа значи дека има еден основен документ околу кој двете страни може да седнат и да разговараат. Сега е моментот кога треба да се седне на масата за преговори. Кога ќе се седне на маса ќе започне дијалогот, но  тој не треба да остане на ниво на пратеници, туку да се подигне на повисоко ниво, истакнал Ахмети.

Лидерот на ДУИ денеска во Софија се сретнал со шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин. 

најчитано сега