Се урна платформа во зоолошка во Москва - десет лица се повредени

Десет лица се повредени денеска во московската зоолошка градина при уривање на платформа, наменета за хранење на жирафа.

Како што јави ИТАР-ТАСС, платфопрмата била наменета за три лица, а во време на несреќата на неа биле качени повеќе од 10 лица.

Седуммина од повредените, од кои шест се деца се префрлени во болница, соопшти московската управа за вонредни состојби.

Над кафезот со жирафа е поставен столб со платформа, од која посетителите можат да ја хранат жирафа. Правилата налагаат на неа да може да се наоѓаат не повеќе од тројца посетители.

Денеска врнел дожд и платформата била затворена и покриена со платно. Настраданите, меѓутоа, ја тргнале прекривката и се качиле на платформата. Веројатно биле десетина лица и конструкцијата се урнала под нивната тежина.

Портаролката на зоолошката градина изјави дека причина за инцидентот е кршење на правилата за однесување на посетителите околу кафезите.

најчитано сега