Еве како најлесно до Голф 7 - нов лоз на Државна лотарија на Македонија

Од оваа среда новиот Инстант лоз СЕДМА БРЗИНА започнува да пишува нови среќни приказни ширум Македонија. Под слоганот Греби и вози Голф 7, Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и ефтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија.

 Најновата игра на среќа на Држвана лотарија на Македонија во својата палета на добивки ги вклучува: атрактивните премии ГОЛФ 7, вкупно 10 на број на задоволство на сите вљубеници во убавите авотмобили и брендот Фолксваген, а тука се и бројните  парични добивки од 40 до 100.000 денари. Интересно е да се потенцира дека 10 среќни играчи ќе имаат прилика благодарение на лозот СЕДМА БРЗИНА да се почестат со добивки од 100.000 денари и исто толку од по 50.000 денари. Вкупен број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

 Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на  брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80....50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

 

 Државна лотарија на Македонија во текот на следниве денови организара нов промотивен и забавен караван низ Македонија, почнувајќи од среда 10ти јули, пред среќните места на ДЛМ со знакот на детелинката.

Промоциите во оваа прва недела, ќе се одвиваат по следниов редослед:

10.07, среда, Охрид, продажно место Прагма Трејд од 18ч до 22ч

11.07, четврток, Скопје во ТЦ Сити Мол од 18ч до 22ч

12.07, петок, Битола, продажно место Легион, од 10ч до 14ч

13.07, сабота, Струмица, пред продажно место ТУ БИ од 10ч до 14ч

13.07, сабота Струмица, пред продажно место Ваткос од 15ч до 20ч

14.07, недела, Охрид, пред продажно место Прагма Трејд од 18ч до 22ч.

 Новиот ГОЛФ 7, во новиот инстант лоз 7МА БРЗИНА, навистина крупна шанса за ситни пари да изгребете еден од 10 автомобили, покрај сите парични добивки кои се во игра!