Мадуро: Сноуден, те гони цела империја!

 

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го повика Сноуден да одлучи дали сака да долета во Каракс, откако тој испрати барање за азил, за да ги избегне САД.

-Примивме писмо со барање за азил. Сноуден  ќе мора да одлучи кога ќе лета-ако на крајот одлучи да долета овде- рече Мадуро.

-Му рековме на момчето: Момче, те гони цела империја, дојди овде!, рече Мадуро, мислејќи на САД.

Сепак, Мадуро објасни дека до сега немал контакти со Сноуден, кого никој до сега го нема видено од 23 јуни.

-Не, се уште не сум разговарал со Сноуден, но би сакал, вели Мадуро.

најчитано сега