Гостивар: Го ограбиле додека чекал ред во болница

Педесет и три годишниот Е.Ј. од гостиварското село Калиште вчера утрото бил ограбен во гостиварската болница.

Мажот пријавил дека додека чекал во ред за преглед, засега непознат сторител искористил згодна прилика и му го одзел паричникот, во кој имал 200 евра, 1150 денари, лична карта и здравствена картичка, по што незабележан се оддалечил.

Бидејќи ваквите видови кражби овој и минатиот месец повремено се присутни на полошкото подрачје, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до граѓаните да бидат максимално внимателни, особено кога чекаат во редици за добивање на одредени услуги, лекарски, банкарски или други и да не ги оставаат паричниците на видливи места, зашто тие ситуации брзо и лесно можат да бидат искористени од „џепчиите“, кои незабележни ги напуштаат објектите.

-Покрај ова, на граѓаните им се советува грижливо да ги чуваат банкарските картички и да не ги носат заедно со нив таканаречените „пинови“, напишани на ливчиња, додаваат од СВР Тетово.

 
 
29.10.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега